Помирување со опозицијата на сите нивоа во пресрет на претседателските избори побара премиерот, одговарајќи на пратеничко прашање, дали е свесен дека, поделбата на наши и ваши, на ние и вие, е зголемена на терен. Вели дека помирувањето е поважно од реформските закони. Го понуди својот кабинет, со сите негови капацитети, а побара и од опозицијата, да предложат свои луѓе, да се направи анализа и да се спречат појавите кои ги засилуваат поделбите.
Прашањето го постави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Весна Дамчевска, која укажа и на фактот дека од институциите, а особено од образовните, се бркаат од работа луѓе со повеќегодишно искуство, за да се примат партиски лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.