Премиерот во оставка Зоран Заев бара оштета од 1.000 евра во тужбата за клевета против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Тој го тужи Николоски за изјавата дека Заев е на врвот на пирамидата која изрекетирала 20 милиони евра во сличајот „Рекет“

За време на неговото сведочење на едно од минатите рочишта, единствениот пат кога Заев се појави во судницата, тој рече дека оваа изјава на Николоски ја слушал во друштво на неговите родители, сопругата и децата и дека таа предизвикала „болка, тешкотија, мачнина кај неговото семејство“ и дека такво чувство не му посакува на никого.

Николоски, пак, на денешното рочиште посочи дека Заев никогаш не ги демантирал овие тврдења и дека и денденес стои зад она што го кажал. Потсети дека според член 16 од Уставот се гарантира слободата и јавното изразување, а за конкретниот случај вели дека имал основана причина да поверува во вистинитоста на своето твдење. До него стигнувале многу информации дека во случајот „Рекет“ предмет на уцена биле повеќе од еден бизнисмен и дека вкупната сума надминува 20 милиони евра и оти на врвот се наоѓаат СДСМ и Зоран Заев.

Пресудата е закажана за 14 ноември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.