Претседателот на Владата Зоран Заев, се сретна со новиот амбасадор на Катар Јасим бин Хамид Ал-Тани.
На состанокот се поздравени членството на Република Македонија во НАТО и политиките на дијалог и пријателство на премиерот Заев, што донесоа решение на долгогодишниот спор со Грција, за што е оценето дека е успешен пример во светски рамки.
Оценето е дека Република Македонија е мирољубива и пријателски определена држава којашто бележи напредок и има потенцијали за натамошен развој. Пренесен е интерес од Катар за разгледување можности за инвестиции во земјава.
Ние сме насочени кон евроатлантските интеграции како стратешка определба на државата и истовремено работиме на создавање услови за подобар животен стандард и за економски развој на државата. Во таа насока ни е важна соработката со сите држави, посебно на економски план, рече премиерот Заев.
На средбата е констатирано дека се унапредува соработката со Катар во делот на енергетиката, како и дека постојат можности за продлабочување на соработката во областа на туризмот, транспорт, земјоделие, културата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.