Ако ВМРО ДПМНЕ имаат алтернатива нека ја покажат на конструктивен и аргументиран начин, наместо со ситно политиканство да ја отежнуваат состојбата, изјави претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за „Капитал“.
За сите прашања од интерес на граѓаните можеме да продискутираме, но тоа бара одговорно однесување, а не постојано повторување на мантрата „колку полошо за државата, толку подобро за ВМРО“. Ако имаат алтернатива нека ја покажат на конструктивен и аргументиран начин наместо со ситно политиканство да ја отежнуваат состојбата. ДПМНЕ има и обврска и одговорност да не ги блокира заеднички прифатените стратешки приоритети на нашата земја како што е членството во ЕУ, подинамичен економски раст, одржлив развој, ефикасна правна држава и силни институции, модерно образование, внатрешна кохезија, успешно и ефикасно справување со светската пандемија со КОВИД-19, изјави Заев за „Капитал“.
Според Зааев, голем дел од постапките што ВМРО-ДПМНЕ ги прави во Собранието и надвор од него, се блокади, лажни вести и манипулации кои се опасни и штетни по државните и национални интереси, по интересите на граѓаните.
Застануваат буквално против секој важен процес за државата, од напредокот во НАТО и ЕУ, преку борбата со коронавирусот, па еве деновиве гледаме дека се и против Пописот, рече Заев во интервјуто за „Капитал“.
Заев подвлече дека Мицкоски се обидува да ги минира сите напори за развој на државата, но на другата страна се силната и отворена Влада заедно со македонските граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.