Час поскоро да се оди на избори, повика уште еднаш лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва.

Да се воспостават институциите, тие институции да имаат полна одговорност, а не политичко препукување затоа што важно е и здраво за државата да имаме Парламент во парламентарна демократија, пет месеци немаме парламент, 6 месеци сме со техничка Влада. Ако не се договорат политичките партии за изборите, тогаш Уставот и законот ќе одлучат, таму е пропишано. Тие не можете да ги кршите, тие се светост во државата, рече Заев во „Click Plus“ на ТВ21.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.