Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска го повтори ставот дека доколку на вториот круг од претседателските избори не биде постигнат потребниот ценсус или не победи кандидатот на власта Стево Пендаровски ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.

Застанавме зад независен претседателски кандидат кој очекуваме дека ќе го устоличиме во иден претседател на Република Македонија. Јас верувам во тоа и тоа е моја желба, посветеност и очекување за иднината на државата. Секако, за тоа на крајот одлучуваат граѓаните и ако тие одлучат поинаку ќе проектираме термин за предвремени парламентарни избори, рече Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.