Заев на 4 дена пред избори дели поткуп на 160 фирми, а Кондовски во Битола разнесува црни вреќи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Вчера на седница на влада се изгласа поткуп за 160 фирми, насловена како финансиска помош за фирмите. Доколку ова беше помош, а не поткуп можеше да се изгласа пред или по изборите. Но се гласа сега затоа што Заев е во паника и знае дека губи, па сака да го намали поразот. СДСМ врши поткуп, активисти и советници од власта се шетаат со црни вреќи низ Битола, се плашат од огромен дебакл. Видео материјалот кој го објавија медиумите јасно покажува дека советници од власта во Битола во брендирани возила на Христо Кондовски носат црни вреќи во Баиро. СДСМ знае дек губи и затоа прибегнува кон поткуп, свесни се за огромниот пораз кој им претстои. За сите случаи на поткуп ќе бидат известени меѓународните претставници во земјава и ќе бидат поднесени соодветни пријави. Одговорност мора да има, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.