Сите патници, државјани на Косово кои поминуваат низ нашата држава, треба задолжително да приложат негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа. Оваа одлука денеска ја донесе Владата на својата 82.седница.
На оваа своја седница Владата ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести согласно која сите патници, државјани на Косово коишто поминуваат низ Република Македонија, треба задолжително да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, соопшти владината прес-служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.