Откако Алфа истражуваше за скандалот со петте струмички фирми за кои во јавноста излегоа информации дека оствариле вкупен поврат на ДДВ од 5,2 милиони евра за само 4 месеци во 2020-та година и тоа во време на пандемија и намалени работни активности, откриeно е дека станува збор за фиктивни адреси.
Екипата на Алфа на наведената адреса ја нашле само Џокс Премиум, чиј сопственик и управител – Ристо Крмзов бил и единствениот кој ги примил.
Иако дел од нив претходно побараа да дадат официјална изјава за да ги презентираат официјалните бројки и да искажат свој став, сепак, не екипата на Алфа не била повторно повикана, а според добиените информации од Централниот Регистар, дошле до интересни сознанија. Адресата на која фигурира Винас Текстил, е истата на која е пријавен сопственикот и управител на Арена Метал – Горанчо Трајков, кој пак, е сопственик и управител и на Винас Текстил. На таа адреса претходно утврдивме дека овде веќе 40 години живее еден ист станар.
Сопственикот и управител на Нетком Плус – Петар Костов и сопственикот и управител на Сакаов Транс – Ванчо Сакаов, своите фирми ги завеле на иста адреса. Оттаму се веќе преместени и лоцирани во новиот станбен комплекс „Крмзов-М“ кој се’ уште е во изградба.
Зад камерите на Алфа, граѓаните на Струмица потврдија дека сопствениците не се роднински поврзани и дека зад сите овие 5 фирми, како организатори всушност стојат членови на семејството Заеви.
Ги прашавме струмичани и дали лично ги познаваат сопствениците на петте фирми, со што се занимаваат и какви луѓе се.
Претходно, директорката на УЈП – Сања Лукаревска, за Алфа изјави дека парите на фирмите сѐ уште не се исплатени и дека дел од нив доставиле неточни податоци во пресметките. Таа тврдеше дека била извршена контрола, бил направен наод и сумите биле корегирани и дека сепак, деловна тајна било колкав поврат на данок ќе добијат фирмите на крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.