СДСМ денеска се пофали дека води на анкетата кој ја спроведе „Брима Галуп“. Но, важно е да се напомене дека зад ова испитување на јавното мислење стои Андреј Рајчев.

Кој е Андреј Рајчев

Тој во јавноста стана познат како идеолог и промотор за отворање на бугарски универзитет во Македонија. Тој во јавноста изјави дека било во интерес македонските студенти.

 Зошто, на пример, во Скопје да нема бугарски универзитет? Како што во Благоевград има Американски универзитет. Дипломираните од тој универзитет не стануваат Американци, но стануваат блиски на Америка. Таму доаѓаат пари од Америка, доаѓаат експерти од Америка- и се претпоставува дека голем процент од дипломците на тој универзитет се проамерикански настроени. И тоа е целосно легитимно, не е некаква пропаганда или агитација. Тоа е едноставно голема услуга која тие луѓе ја добиле од една држава-праша неодамна Рајчев.

Ваквите ставови на поддржувачот на Заев се загрижувачки и, секако, на штета на Македонија. Еве што друго истакна тој:

„Србија со една многу итра и подмолна политика успеа да оддели едно парче од Бугарите и да ги претвори во самостојна нација. Тоа е факт. Но тоа веќе се случило. Така што: каков е нашиот интерес во моментов? Нашиот интерес е прво, тие да ја засакаат Бугарија. Тоа е апсолутна претпоставка за да продолжиме со некакво воспоставување на односите со тие наши браќа кои постепено ни станале братучеди“.

На анкетата на Брима Галуп која ја објави СДСМ ,владејачката партија води со нецели два проценти пред ВМРО-ДПМНЕ. Според оваа анкета, доверба во Зоран Заев изразиле 12,6 отсто од испитаниците. Токму човекот чии изјави цитиравме погоре, стои зад овие анкети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.