Последната епидемиолошка анализа на Институтот за јавно здравје покажува дека за 40 проценти е намалена инциденцата на ширење на вирусот кај населението на ниво на цела држава со почетокот на училишната година, споредбено со ширење на вирусот во последните две недели во август.

Од Министерство за здравство информираат дека во епидемиолошката анализа на Институтот опфатена е возрасна популација од претшколска, основно, средно и академска.

Во предучилишната и училишната возраст најмал е бројот на заразени споредбено и по возрасни групи, односно на возраст од 0-9 години има само 3,9 проценти во државата се ковид позитивни. По дистрибуција по градови, во Скопје има 139 заразени основци, 70 средношколци, 72 од академската популација и 28 деца во претшколска возраст – информираат од Министерството за здравство во однос на главниот град.

Во однос на останатите градови од земјава, во Куманово, има 5 заразени основци, 8 средношколци, 18 од академската популација и 3 деца во претшколска возраст.

Во Штип 2 деца од претшколска возраст се ковид позитивни, 5 основци, 8 средношколци и 3 од академската популација.

По 2 заразени деца од претшколска возраст има и во Велес и Ресен, и 1 е заразено во Прилеп.

Од популацијата во основно, во Велес и Ресен има по 5 ученици, 6 има во Струмица и Кавадарци, а 8 во Прилеп. Средношколци позитивни на ковид има 3 во Велес, 7 во Кавадарци, 4 во Прилеп и 2 во Струмица. И од академската популација заразени со вирусот се 6 во Велес, по 2 во Кавадарци и Прилеп и по 3 во Струмица и Ресен, се вели во соопштението на Министерството за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.