Комисијата за заштита од заразни болести констатирала намалување на индикациите за тестирања за Ковид-19, што за министерот за здравство, Венко Филипче, е сигнал за намалување на епидемијата.

Како што истакна Филипче, на денешната прес конференција, трендовите се очекувани за овој период.

Според последните информации од министерството за здравство, денеска се дијагностицирани 23 новозаболени пациенти, од вкупно 386 тестирања, 111 лица се оздравени и четворица се починати.

Министерот додаде дека кога ќе почнат да попуштаат мерките за превенција, тоа ќе се прави етапно за да не се создадат големи мешаници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.