Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, му подарил кече на евроамбасадорот Самуел Жбогар, чиј мандат во земјава завршува. Подарокот може да се види од фотографиите што беа објавени од средбата која се одржа денеска.

Груби, велат од неговиот кабинет, му посакал на Жбогар успех во понатамошната кариера и му порачал дека вратата во нашата земја му е отворена.

Од министерството со кое раководи Груби соопштија дека темите на кои разговарале биле реформите, Охридскиот рамковен договор и бескомпромисната борба против корупцијата.

Вицепремиерот истакнал дека Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците ќе биде модерно, функционално и одговорно министерство, кое ќе создаде општествена кохезија и граѓанска рамноправност.

Амбасадорот Жбогар, пак, му честитал за новата функција и му посакал успешна реализација на владината агенда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.