Не сум единствен, на ист начин истите измамници успеале да направат измамнички телефонски разговори и со францускиот претседател Емануел Макрон, поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон, Елтон Џон, Јенс Столтенберг, Реџеп Таип Ердоган. Ова на денешната прес-конференција го изјави премиерот Зоран Заев признавјаќи дека бил измамен.

Листата покажува дека сум во добро друштво, се смее премиерот.

Тој додаде дека бил измамен од добро организирани структури за ширење влијанија во интерес на трети страни и дека тоа не е тешко да се процени.

Сосема очигледно и јасно е дека манипулациите по правило извираат и доаѓаат од пропагандни медиуми со изразени анти-НАТО ориентации, а во нашата земја први ги пренесуваат медиумските канали кои секојдневно шират лаги и дезинформации, рече Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.