Паднаа во вода сите лаги на власта дека Зоран Заев ќе обезбедел европска, достоинствена иднина. Заев се коцка со идентитетот, историјата, јазикот. Игра „all in“ со вас и вашите животи. Војува и губи со туѓи синови. Но не ни треба доказ дека ќе ги стави на маса идентитетските обележја туку едноставно е доволно човек да остане фокусиран триесетина минути и да го проследи интервјуто за бугарската телевизија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нарекувајќи ја нарече „млатење празна слама“ денешната прес-конференција на Владата за првите 100 дена.
Ветото од Бугарија тој го означи како голема загуба, а за опасно коцкање на Заев изборот на Владо Бучковски за специјален претставник.
Од медиумите дознавме дека на бугарската страна било понудено решение вклучено и содржано во еден „нон пејпар“ документ. Досега во јавноста таквиот документ не се објави и покрај тоа што треба да му веруваме на Зоран Заев и Бучковски дека дал гаранција дека немаме територијални претензии, нешто што државава го прави по трет пат и веќе станува понижувачки. Ние немаме информации што содржи понудата на Заев и неговиот „нон пејпер“.
А, ценејќи според дарежливоста на Заев за коцкање со туѓите интереси можеме само да замислиме што се содржи овој документ.
Втората работа што е исто така значајна, Зоран Заев призна дека бугарскиот премиер лобирал за решавање на македонско-грчкиот спор. И оттука не слушнавме никаква ама буквално никаква реакција од кај нашиот источен сосед дали ова е точно или дали ова претставува флагрантно мешање во внатрешните работи на туѓа држава. Значи за македонскиот премиер не е пречка што друг премиер се вклучува во внатрешните работи на други земји. Но, проблем е што опозицијата и сите релевантни фактори во земјата се држат настрана кога станува збор за спорот со Бугарија.
Да потсетам Зоран Заев не смета дека е потребно дури на лидерска средба да објасни што и како преговарал, а на маса идентитетот директно. Самите историчари од Бугарија признаа дека се разговарало за придавката македонски.
Трето, пред три дена соопштив дека Бојко Борисов директно ми призна дека Зоран Заев му ветувал дека многу работи само да дојде до премиерското место. Од страна на власта молк. Од страна на Зоран Заев молк. Затоа она што можеме да го забележиме изминативе неколку дена е аквизицијата на компанијата која што е инвеститор во рудникот „Иловица“, се сеќавате оној истиот рудник „Иловица“ на кој што Зоран Заев им ветуваше на жителите таму дека нема шанси да биде рестартиран или отворен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.