Премиерот Зоран Заев оцени дека за ова прашање не треба да се прави политиканство и дека треба над се да биде интересот на државата.
– Секојпат сме транспарентни, пред Парламентот којшто не избра и да бидеме присутни секаде. Никаде во светот, ниту пак кај нас во финалето за разговорите, заради тоа што на 17-ти, во вторник е веќе Советот на министри на ЕУ, во Собрание ќе дојдеме заради покажување на мускули од опозицијата, заради тоа што тие не се никако одговорни, покажале дека не се одговорни барем во последните години. Апсолутно за ништо не им е гајле и грижа што е со иднината на државата, рече Заев, одговорајќи на прашање во врска со расправата во Комисијата за надворешна политика во Собранието иницирана од опозицијата.
Тој додаде дека Владата има обврска државата да оди напред, државата да успева и слично и, како што наведе, би било навистина глупаво или неодговорно да направиме нешто што ќе го стави под прашање процесот на разговорите, односно ќе предизвика нелагодни ситуации или основи за непостигнување на договор.
– Не велиме дека ќе се постигне договор, одговорив дека постои голема веројатност да не се постигне договор. Остануваме оптимисти заради тоа што низ оптимизмот може навистина да бидеме и креативни и да изнајдеме решение, исткана премиерот.
Заев нагласи дека дефинитивно е неприфатливо да се прави плитикантство и да се собираат политички поени и да се гледа политички интерес од нешто што е стратешки интерес на државата, како што е првата меѓувладина конференција и стартот на преговарачкиот процес.
За нас државата е интересот на граѓаните се пред се и над се, потенцира премиерот Заев
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.