Настаните во македонското Собрание на 27 април не се тероризам, потврдува шведскиот Врховен суд, кој одби екстрадиција на Дејан Давидовски за настаните од „27 април“, под обвинението „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“. Сега е објавена и целата одлука на Врховниот суд на Шведска, со која се одбива ектрадицијата.
Според член 6 од законот за екстрадиција, екстрадицијата не може да биде одобрена за политичко дело. Ако делото исто така вклучува кривично дело што не е политичко, сепак, екстрадицијата може да биде одобрена за тоа кривично дело, ако делото во конкретниот случај е претежно неполитичко дело, пишува во одлуката.
Шведскиот суд заклучи дека од документите во конкретниот случај вклучува упад во Собранието за да се обидат со закани и насилство да го спречат изборот на претседател на Собранието. Според шведскиот суд Давидовски е осомичен за дело кое одговара на бунт, но не и за тероризам. Шведскиот суд одлучи дека станува збор за политички процес, па затоа постојат и пречки за екстрадиција.
Дејан Давидовски (39) е уапсен во Шведска во април, годинава, по потерница на Интерпол. Сега шведскиот суд му препорачува да поднесе барање за азил за да не биде и понатаму цел за политички прогон од Македонија.
Целата одлука на шведскиот Врховен суд прочитајте погледнете ја во видеото на „Алфа“:
Оваа одлука практично го потврдува она што постојано го тврдеа адвокатите на одбраната дека не постојат елементи за кривичното дело „тероризам“ за кое се осудени луѓе вкупно околу 200 години затвор. Решението на шведскиот суд нема да може да биде употребено во домашните судови оти нема да има влијание. Но, затоа нејзината моќ пред судот во Стразбур е голема, порачуваат адвокатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.