Пратеникот и лидер на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), Иван Стоилковиќ, му реплицира на специјалниот владин претставник за Бугарија и експремиер Владо Бучковски, според кој „процесот на србизација на Македонија траеше долго“.
Додека траеше процесот на „србизација“на Македонија државата се викаше Македонија, народот го носеше македонското име, а службениот јазик се нарекуваше македонски. Сега кога кога се расчисти со србизацијата државата се вика Cеверна Македонија, народот според Преспанскиот договор стана cеверномакедонски, а кога е во прашање јазикот во нововоспоставената јазична федерација тенденцијата е да биде бугарски со српски примеси, вели Стоилковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.