За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо тврдењето дека македонскиот идентитет и јазик почнуваат од 1945 година. Лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат рече дека за нив е неприфатливо ниту тврдењето за улогата на Бугарија во Втората светска војна.
Ако бугарската теза е дека ние одеднаш сме се освестиле во 1945 година и од тој момент сме се прогласиле за Македонци коишто го кодифицирале својот јазик, таа теза не можеме да ја поддржиме затоа што нема ниту историска ниту каква било етнолошка антропологија. Ако нивна теза е дека биле администратори коишто дошле да нѐ ослободат, тоа не можеме да го прифатиме. Постои договор за капитулација со којшто Бугарија признава дека била на страната на фашистичкиот окупатор, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.