Карпа со тежина од околу 50 тона се срушила од гребенот над Радожда, и паднала во двор на куќа во која во тие моменти имало 15 луѓе од кои четири деца. Одронот претставувал закана и за десеттината околни куќи.

Силниот удар и непносливиот татнеж, ги кренал на нозе радождани кои бргу ги напуштиле своите домови, објави „Алфа“.

Не стравувам за својот живот, стрептам за моите деца и внучињата оти само чудо не спаси од огормните камења кои се одделија од карпата и се срушија врз помошните простории, малку фалеше нашата куќа да ја срамнат со земја – велат вознемирените сопружници Пејоски, кои стравуваат такво нешто да не се повтори.

 

Секоја минута очекувам дека ќе загиниме, дека ќе не потфати каменов. Дечињата ги будевме за на школо, кога почнаа да пиштат, јас не знаев кога да го смирувам побрзо – вели Живка Пејоска.

 

Станавме сите. Сите имаме страв. Шокирани бевме, како да Ви речам. За да оставам дете мое овде да живее, нема шанси, а за нас постари и на мене не мрдам од овде, не ми треба никаде да одам, децата барем да се спасат – вели Гаврил Пејоски.

Меѓу жителите на Радожда постои страв и паника затоа што половина од куќите во селото се изградени буквално под карпите. Доколку не реагираат надлежните, размислуваат барем времено да се иселат од таму бидејќи не се чувствуваат безбедни.

Па селото навистина е под карпа и постои опасност целата карпа да се сруши, ќе се сруши бидејќи никој не е дојден овде да види. Од сите страни е испукано. Треба да дојдат геолози да испитаат, бидејќи овде не е безбедно за живеење повеќе – вели Михало Сајкоски.

Општинските инспектори излегле на терен, направиле неколку фотографии и заминале, но притоа не .одговориле што ќе превземат и колкава е опасноста карпите повторно да се срушат и колку е безбедно населението.

Доброуаптени извори за „Алфа“ велат дека е факт оти во туристичко Радожда, поради атрактивноста нелегално се градат голем број куќи, кои потоа се легализираат и за тоа некој мора да понесе одговорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.