Во Државната изборна комисија сè уште се обработуваат гласовите по вчерашните локални избори. Засега познато е дека во 19 општини ВМРО-ДПМНЕ победи уште во првиот круг, додека во 9, односно 3, градоначалници ќе бидат кандидатите од СДСМ, односно ДУИ.

Додека се очекуваат останатите резултати од гласовите за градоначалници, а кандидатите веќе ја почнуваат кампањата за вториот круг, во општинските совети веќе се прават пресметките кои по Донтовиот метод, со по бројот на освоени гласови се калкулира бројот на освоени советнички места.

Според резултатите од ДИК во местата каде целосно се обработени гласовите, ВМРО-ДПМНЕ води и по бројот на советнички места, а очигледен е и успехот на независните советнички листи и помалите партии низ целата земја.

Најшаренолико е во Град Скопје, каде иако резулатите не се конечни, извесно е дека ќе има доста различни претставници. Од досегашните 95,20 отсто обработени гласови, формулата покажува дека ВМРО-ДПМНЕ освоила 17 наспроти 12 советнички места кои ги освои СДСМ. Во советот со 6 претставници ќе се присутни ДУИ, со 4 Левица и со по два претставници ќе ги гледаме АА/Алтернатива, ЛДП/ДОМ и Зелен Хуман Град.

Се очекуваат конечните резултати и пресметки од ДИК. Од општините каде обработени се сите гласови, пак, сликата излгеда вака:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.