Куманово вчера и денеска личи на едно големо лизгалиште, обвинија советниците на ВМРО-ДПМНЕ од градот.
Сите булевари и улици низ градот се подледени, возилата и пешаците едвај се движат низ неисчистените улици и тротоари, а граѓаните по социјалните мрежи постојано јавуваат и за неколку сообраќајни незгоди поради неисчистените улици. Заглавени возила по коловозите, непристапни пешачки патеки, а механизацијата со која толку се фалеше градоначалникот Максим Димитриевски никаде ја нема! Само да потсетиме дека Куманово за зимско одржување на улиците и патиштата потроши неверојатни 10,4 милиони денари пари на граѓаните, повторувам неверојатни 10,4 милиони денари пари на граѓаните!
Фирмата ,,КООП Инжинеринг” од Куманово, која важи за блиска фирма на СДСМ, доби тендер за зимско одржување на улиците во вредност од 10 милиони и 400 000 денари.
Тендерот го доделија, парите на граѓаните ги потрошија, а снегот и ледот како што гледате по улиците остана неисчистен, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
Игор Божиновски од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово прашува каде е дежурната екипа на „КООП Инженеринг“ која го има добиено тендерот за да чисти деноноќно низ градот, каде е механизацијата и зошто не е фрлена индустриска сол и ризла низ улиците и дали фирмата која го има добиено тендерот за зимско одржување на улиците нема набавено доволно количини на ризла и индустриска сол и покрај тоа што во тендерот е пропишано да имат задолжителна залиха од 60 тони од истите материјали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.