Во моментов три партии кои се декларираат како десничарски, а се предводени од Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов се дел од коалицијата предводена од СДСМ. Предходно на последните локални избори тие гласаа Шилегов да стане градоначалник на Скопје.

Никој од лидерите на трите десничарски партии во коалицијата предводена од СДСМ се уште не реагирале на навредите кои и кон нив беа упатени од страна на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Сега и нив градскиот татко со кого се во коалиција ги нарекува себични простаци и со други погрдни називи само затоа што се десничари односно имаат десна национална идеологија за разлика од Шилегов и СДСМ.

Оние другите (десните) секогаш кога е криза, очајно се обидуваат да фатат приклучок. Ама неспретно. Бидејќи не се искрени. Не знаат како … Бидејќи не ги сакаат луѓето. Се сакаат само себе си. И својот интерес. За се’ друго лажат. Со десна се крстат, а со лева крадат. Ќе победи хуманоста. Над лицемерието. Ќе победиме ние. Луѓето. Над нив, себичните простаци…”, пишува за десничарите Шилегов.

За изјавата на Шилегов реагираа многу други граѓани дури и симпатизери на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.