Седум месеци имаа да смислат платформа за онлајн настава, ама поважно беше да се рекетираат фирми во време на полициски час и да подготвуваат изборни измами и трговии, коментира на Фејсбук Сашо Тасевски, актер и поранешен директор на Драмски театар Скопје.

Кога ја направија платформата за онлајн настава, откако ја најавуваа бомбастично, таа излезе како да се појави генералниот на ферари на ТВ и да рече: Еј знаете какво ново ферари измисливме, а бе топ, само што пали на буткање. Ама некогаш и со буткање не пали! Платформата очигледно ја правевте на-две- на-три. Реда ради. Еве работевме набожемски.
И да е само тоа. Немало и компјутер за секое дете. Зашто немало пари во касата. Оти корона криза, ова она…Да ве питам… Колку чинеа стипендиите на синчињата и ќеркичките на вашите министри и функционери, кои им ги покривте од државна каса?
Ќе имаше за по еден компјутер за сиромашните деца?
Или мораше од мали нозе на најтешкиот начин да научат дека нема да имаат исти шанси за успех во животот во споредба со вашите деца, кои студираат во странство од наш џеб.
СДСМ се слушаме? Никогаш ни С не сте знаеле од социјалдемократија. Пиљарска, бувљак елита, што си прави филмови дека е од Виндзор. Тоа сте, пишува Тасевски.

Седум месеци имаа да смислат платформа за онлајн настава, ама поважно беше да се рекетираат фирми во време на полициски…

Posted by Sasho Tasevski on Sunday, 4 October 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.