Поразителните бројки кои доаѓаат дека Македонија е на врвот на листата по починати од корона вирусот како да не ја загрижуваат власта која по секоја цена турка избори. Очигледно е дека СДСМ не се грижи за здравјето на луѓето кога инсистира на брзи избори надевајќи се на ниска излезност и стравот кој постои кај луѓето да излезат од своите домови а камоли да се упатат на гласачките места.
Дека времето не е за избори туку за борба за спасување на човечки животи покажуваат и податоците на worldmeters.
 Таму Македонија на врвот по број на мртви од коронавирус, сметано на милион жители, во споредба со сите држави од регионот. На милион жители имаме 34 починати. Во Србија и Босна има по 19 починати на еден милион жители, во Хрватска 15, 13 во Грција, 10 во Албанија и 8 во Бугарија.

Но, овие поразувачки бројки како да не допираат со СДСМ. За нив е важно единствено да се свика Собранието, иако и правните експерти, но и спикерот Џафери велат дека тоа е невозможно. Според нив, Собранието е самораспуштено и тоа може да се собере само по следните избори кога и да бидат.

Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ  објаснува дека за избори треба да одлучат здравствените работници, а сите ние како граѓани да ги почитуваме. Тој додека дека  мора и правните експерти да се вклучени во изнаѓање на решение за предвремените избори.

-Се наоѓаме во една деликатна ситуација, но сите мора да бидеме свесни дека моментално најважно е здравјето на граѓаните. Јас се надевам дека ова што побргу ќе стивне, оние сите ограничувања што се кон граѓаните и кризните ситуации да ги снема и да влеземе во едно нормално живеење. Политичка криза како постојано да ја има во Република Македонија и како да излеземе од сето ова. Прво и основно да се потрудиме сите мерки што се предлагаат и од државата и од самите здравствени власти да се почитуваат за што поскоро да го поминеме овој процес и потоа да се вратат оние регуларни тековни прашања. Сега се навлековме во правни прашања во една правна мрежа како од ова да излеземе похрабри како да продолжи политичкиот живот во Република Македонија, истакна Мисајловски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.