Во Националниот план за имунизација против Ковид-19 предвидена е т.н. теренска вакцинација, наменета за руралните средини и за домовите за стари лица.

Како што истакна претседателката на Комитетот за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова, во гостување на „Топ тема“ на телевизијата „Телма“, ваквиот план е направен со цел здравствената услуга да им се приближи на граѓаните.

Неслучајно ја избравме постоечката мрежа за имунизација, затоа што видовме дека кај редовната вакцинација, вака поставената инфраструктура функционира. Ние и тековно имаме т.н. теренска вакцинација, не само во руралните места туку и во старските домови, каде што услугата треба да се доближи до пациентот. Овие лица, кои влегуваат во ризичната популација, односно во приоритетната група, која ќе биде опфатена, ќе бидат контактирани – изјави Грозданова, која изјави дека очекува во оваа активност да се вклучат и матичните лекари.

Грозданова потенцира дека со националниот план е предвидено вакцинацијата против Ковид-19 да биде достапна до сите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.