Случајот „Рекет“ најдобро го покажува криминалното владеење на Зоран Заев и СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Не само што се рекетирале милиони евра, туку истата операција била директно штитена од страна на власта. Торбите Луј Витон јавноста ги виде како се изнесуваат, а постои и сведоштво дека рекетираните пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви, се вели во соопштението.
Додаваат дека ова била сериозна операција во која безмалку целата власт била замешана.
Постојат сведоштва дека Кирацовски и Царовска им помагале на извршителите на рекетот во текот на целиот криминал. Тие не биле сами во ова, туку поддршка давале и градоначалници, пратеници и други високи функционери на СДСМ. Целиот процес на рекетирање во Македонија не бил можен без знаење на врвот на власта.
Додека милионите завршувале кај луѓето блиски на Заев и СДСМ, Македонија тонеше од ден во ден. Народот осиромашуваше, а Заев создаде криминален октопод каков што никој во регионот и пошироко не видел.
Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.