Претседателот на СОНК Јаким Неделков е разочаран по одлуката на државата со Ребалансот на буџетот оваа година да исплати регрес за годишен одмор само на јавната администрација, а не и за останатите вработени од јавниот сектор како што е просветата, здравството, полицијата и одбраната.
Немаме ништо против јавната администрација, но испаѓа сега дека државата за некого е мајка, за некого маќеа. Станува збор за многу важни сектори кои се финансираат од централниот буџет и вакви прашања мора да се регулираат со колективен договоир. Испаѓа дека ние не сме битни работници и дека имаме високи плати. Сега и нашите членови се разочарани, рече Неделков во рамки на прес-конференцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).
Лидерот на СОНК рече дека синдикатот во оваа насока побарал потпишување на нов општ коплективен договор, но не наишол на разборање од Министерството за труд и социјална политика. Во меѓувреме КСС бил исклучен и од Економско-социјалниот совет како нерепрезентативен синдикат.
Со ребалансот на буџетот предвидени се речиси 4 милиони евра за исплата на К-15 за административците, односно само за вработените во министерствата, општините, судовите, обвинителствата, државното правобранителство, казнено-поправни и воспитно-поправни установи, центрите за социјална работа, јавните установи формирани од Владата и во други органи основани од Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.