Утре спекталуларно ќе биде прославена 20 годишнината од Рамковниот договор со кој беше ставен крај на воениот конфликт. Партијата ДУИ која прозилезе токму од паравоената ОНА, преку министерството за политички систем и односи на заедниците е главен организатор на прославата.

На настанот се поканети над 300 гости, политичари, учесници во преговорите при потишувањето на овој договор, амбасадори…

Ќе биде навистина на ниво а нема да се штедат ни пари. Како што самиот Груби објави прославата ќе чини половина милион евра и дека тоа не била висока сум бидејќи ќе дошле 300 гости.

Згора на тоа, настанот се одржува само неколку дена пред почетокот на новите мерки за посета на објекти, кафулиња, спортски натпревари,организирање на настани….

Под пристисок на јавноста, Груби се откажа од концертот што го планираше на плоштадот, но не и од собиранката во Александар Палас.

Пред само една недела  јавноста имаше можност да види како беше одбележан Илиден, едне од најважните датуми во македонската историјата.

Државниот врв сам беше собран под еден шатор без присуство на народ, а за првпат не беше одржан и говор.Претседателот Пендаровски тоа го правдаше дека нема потреба од говор бидејќи ќе му свиркаат и оти тоа предизвикува поделби.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.