Заменик-министерот за спорт на Грција Лефтерис Авгенакис ја нарекувал Македонија „Скопска федерација” открива пратеник на Сириза во грчкиот парламент. Како што пишува Експрес.мк, пратеникот на СИРИЗА Танос Мораитис изразил незадоволство од фактот дека заменикот министер не ја нарекувал соседната земја со уставното име туку Скопје.
„Има министри кои го прифаќаат Договорот од Преспа и зборуваат за Cеверна Македонија. Постојат и други кои зборуваат за „соседна земја“ и тука е и господинот Авгенакис, кој зборува за „федерација на Скопје“, рекол пратеникот на СИРИЗА во реакцијата до заменикот министер од владејачката Неа демократија на Мицотакис.
„Исмевањето мора да престане“, му порачал Мпраитис на Авгенакис, кој упатил прашање до ФИФА и УЕФА по прашањето за името што го користеше Фудбалската федерација на Македонија на ЕП 2020 за време на неговиот говор во Парламентот.
На специјалниот состанок на парламентарниот комитет одговорен за иднината на грчкиот фудбал, на кој присуствувале претставници на ФИФА и УЕФА, Авгенакис изјавил „Очекувавме појасен став од ФИФА и УЕФА за прашањето за именувањето на Скопје“.
Од друга страна, претседателот на Комисијата за образовни работи, Василис Дигалакис, му објаснил на пратеникот на СИРИЗА дека Македонија била таа што провоцирала на Еуро2020.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.