Претстојниот попис ќе се реализира во општините Ново Село и Босилово со 14 попишувачи помалку од потребната бројка, бидејќи на трите јавни повици објавени од Државниот завод за статистика не се јавија доволен број лица, објави СДК.МК.
За овие две општини, кои влегуваат во пописен реон 15, требаше да се ангажираат 68 попишувачи и инструктори, но се јавија само 54, кои го поминале тестот и ги почнале обуките.
Станува збор за општини од кои што во изминативе години голем број луѓе се иселија, па населените места се преполовени и главно живеат повозрасни луѓе. Најизразено беше иселувањето од подбеласичкиот регион, главно со бугарски пасоши. Според административниот регистар, треба да се попишат население и домаќинства во 32 населени места, каде што според последниот попис од 2002 живеат 25.827 луѓе, со 6.792 домаќинства и 8.194 станови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.