Министерството за здравство чува резерви од вакцини против коронавирусот за попишувачите и реонските инструктури и тие ќе бидат вакцинирани во текот на месец август, изјави во интервју за „Утрински брифинг“ директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.
Не можеме да гарантираме колку ќе сакаат да се вакцинираат во овој момент, бидејќи не знаеме кој ќе биде попишувач. Во апликацијата имаме прашање дали сте вакцинирани и дали пријавувате желба за вакцинација. Така што ќе имаме евиденција колку од пријавените кандитати се вакцинирани, а колку од оние што не се вакцинирани имаат желба тоа да го направат“, вели Симовски.
Тој вели дека планот е во втората половина од овој месец да се објави конкурсот за попишувачкиот тим за до почетокот на август да се има комплетна слика, по што ќе бидат организирани и обуки.
Прашан за хонорарот на попишувачите Симовски вели дека нивото на хонорарите е сосема солидно и зависи од тоа колку попишувачите ќе сработат.
Нашите планови се тие хонорари да се движат од 20 000 до 30 000 денари, што е сосема солидно за помалку од месец дена работа, вели Симовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.