Албанскиот јазик влегува во Јавното обвинителство. СДСМ и ДУИ се договориме и за нивните барања, потврдува за „ТВ 24“ висок владин функционер.
Со договорот меѓу СДСМ и ДУИ ќе се намалат и условите за избор на јавни обвинители од редот на судите. Прифатено е барањето на ДУИ да се намали стажот од 15 на 10 години за кандидат за јавен обвинител.
Како што објавува „ТВ 24“ Законот за ЈО помина на Влада и оди во Собрание со европско знаменце, а до последен момент вечерва на седницата ДУИ се усогласуваа ставовите меѓу Бујар ОСмани, Оливер Спасовски и Рената Десковска.
извор: тв 24
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.