Лицата кои имаат потреба, како што се планинарите, параглајдеристите и други луѓе коишто организирано се движат во природа може да побарат дозвола за движење во планините, односно во шумите од локалните подружници на ЈП „Национални шуми“ коишто ги има во сите градови низ државата. Во Скопје оваа подружница се наоѓа во општина Аеродром.
Ние како Главен штаб за управување со кризи, низ разговор со ЈП „Национални шуми“ сугериравме олабавување на целосната забрана за движење во шумите. Од вчера, оваа целосна забрана не важи за физички и правни лица кога имаат итна и неопходна потреба за движење во шума по претходно издадена дозвола за движење од ЈП „Национални шуми“ – соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов..
Тој информира дека ЈП Национален парк Галичица, исто така ја има „омекнато“ оваа забрана и дава дозволи за движење во овој национален парк.
Ангелов, соопшти i дека во Јасен и на Водно забраната се уште важи поради двата активни пожари, од кои еден се провлекува веќе 15 дена и се уште не може да се изгасне. Од тие причини, како што рече, забраната за движење на Водно останува уште неколку дена.
Во текот на денешниот ден заседава Главниот штаб за управувавање со кризи и со заклучок ќе препорачаме дополнително олабавување на забраната за движење во природа. Во очекување сме на нови врнежи. Врнежите доколку се појават во следните денови постои можнсот за целосно укинување на оваа забрана, но се дотогаш мора да бидеме внимателни. Во практика се покажа дека зголемената свесност кај граѓаните е она што помогна да се намали бројот на пожари и координираното дејствување на нашите институции – вели Ангелов.
Тој информира дека денеска имале средба со тројца припадници на шумските служби на САД кои доаѓаат од различни сојузни држави и чие искуство, особено нивната тактика и стратегија може да бидат многу значајни.
Договоривме продолжување на оваа соработка преку праќање нивни инструктури во Македонија или одење на наши луѓе од делот на Противпожарна заштита на тренинг во Америка – изјави Ангелов
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.