„Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска е само продолжена рака на груевизмот на кој му се поклони и кој го промовира. Силјановска не осудува насилство, напротив, застана во одбрана на насилниците од 27 април, исто како што тоа го сторија Мицкоски и Груевски“, велат утрово од СДСМ.

„Таа воопшто не се срами што е поддржана од политичка структура чиј врв е главен осомничен за насилниот упад во Собранието кога се случи обид за убиства и обид за државен удар и погазување на уставниот поредок.

Силјаноска не е чесна пред граѓаните. Додека лажно се претставува како натпартиски кандидат, длабоко е заглавена во матрицата на груевизмот и ги промовира погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на криминалот и насилството“, сметаат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше – За Пендаровски и за Заев не постои ниту устав, ниту закон, ниту право, ниту правдина.

-Случајот 27-ми април, е политички монтиран процес, против сите неистомисленици на Зоран Заев. Според изреченото во пресудата нема ниту еден аргумент и доказ за делото за кое се товарат сега осудените. Македонија е единствената држава во Европа во која во 21 век во затворите има политички затвореници, луѓе кои имаат различни политички ставови со Зоран Заев. Злото наречено СДСМ мора што побргу да си замине. Со победа на Гордана Силјановска Давкова, ќе биде почеток на рушење на заевизмот и мотив за распишување на предвремени парламентарни избори, стои во писмената реакција на партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.