Професорот Мирослав Грчев споменикот на Мајка Тереза, кој Владата одлучи да го пренамени, во емисијата „Утрински брифинг“, го нарече фашистички.

Бев координатор при Министерството за култура која требаше да ги истражи, да даде препораки и елаборати за тоа како да се справиме со тој мега проблем. Во таа работна група овој споменик на Мајка Тереза е обработен пред две години. Но, досега немаше никаква повратна информација за ова. Веста дека Владата ќе го пренамени споменикот ме затекна и сметам дека е бесмислена. Нема никаква смисла една дива градба и нарушување на поредокот на градот, за законита и симбол на владеење на неправо, еден во својата суштина фашистички споменик. Тука употребата на името на Мајка Тереза е потполно ирелевантно затоа што во тој проект сите споменици имаат едно единствено име, односно ознака. Така да ние одгледуваме фашистички споменици во атмосфера која што ја нарекуваме враќање на владеење на право, демократизација, реформи кои одат во смер на реализација на демократски европски вредности. А толерирањето на постоењето на овие споменици е практично е потполна институционална импотенција, рече меѓудругото Грчев.

Според Грчев, не само споменикот на Мајка Тереза, туку сите споменици од проектот „Скопје 2014“ се споменици во слава на ултранационалистичка преродбеничка и фашистичка диктатура.
Ваквите ставови на Грчев се скандалозни, бидејќи Мајка Тереза чие потекло е од Скопје, заради нејзините хуманитарни дела е почитувана во целиот свет, таа е добитник на Нобелова награда за мир, а Католичката црква ја прогласи за светица.

При посетата на Скопје, Папата Франциско рече дека треба да се гордееме како држава, а кај нас нејзиниот споменик се нарекува фашистички.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.