Може еден ден да поминете без да направите тешка будалаштина. Само еден ден да не ни го кренете притисокот на 250. За ова дојдовте на власт? Да се изживувате секојдневно со нас?
Семе расипано. Една добра работа не направивте
И кажете и на таа лудачата од Финска да дојде на себе, да намали со ароганцијата и да го повлече идиотскиот закон за образование и сексуално воспитување – пишува актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил.
Тој реагира на изјавата на министерката за образование Мила Царовска дека се воведува нов концепт во училиштата,фински модел.Според тоа се спојува Историја и географија, како и биологија и хемија.
Зборуваме за интеграција на природни и општествени науки, што се случува секаде во развиените земји во светот. Идејата е да создадеме младина, иднина која што ќе може да ја движи државата кон економски и социјален развој. Критична точка е дека нашите деца учат многу предмети, но само фактографски, без да се поврзат, рече Царовска.
Може еден ден да поминете без да направите тешка будалаштина. Само еден ден да не ни го кренете притисокот на 250. За…
Posted by Sasho Tasevski on Thursday, 17 December 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.