За осум месеци од кога почна пандемијата на ковид-19, во Македонија животот го загубија 1.004 лица.
Вчера Министерството за здравство информираше дека починале 10 пациенти од компликации предизвикани од болеста ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32.436, бројката на оздравени пациенти е 21.090, на починати е 1.004, а бројот на активни случаи изнесува 10. 342.
Првиот случај на регистиран пациент заразен со ковид-19 во Македонија беше на 26 февруари, а на 22 март 2020 година Министерството за здравство го регистираше првиот смртен случај на коронавирус. Стануваше збор за 57 годишна жена од Куманово, кај која посмртно и бил направен тест кој бил позитивен на коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.