Пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во вечерашната емисијата „Топ тема“ појасни дека неговиот колега Зекири кој говореше дека власта била зафатена со избори и затоа не можеле да се посвети на ветувањата е смешно, бидејќи не само на национално, туку и на локално ниво ништо немаат направено.
Градоначалникот на Велес на пример или градаоначалникот на Прилеп, или на која било друга општина, немал никаква работа со договорот од Преспа, ниту со референдумот, ниту би требало да има, не би било законски да има нешто да прави или да има влијание. Тие требало да се посветат на ветувањата кои ги имаат дадено на граѓаните, истакна Милошоски.
Тој додаде дека очигледно е дека тие дадени ветувања, без разлика дали биле на локално или на државно ниво, во здравството или образованието, власта ништо од тоа не исполни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.