Реагирајќи на денешното присуство на собраниска седница на заболената од ковид-19 пратеничка на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеникот Антонио Милошоски потсетува на двојните аршини на власта.
Власта заради кризната состојба на лекарите им забрани да користат годишен одмор, но најблиските соработници на премиерот заминаа на одмор во Мексико и Дубаи!
Власта на народот му вика седи дома, забрана за движење и ако некој прекрши решение за изолација плаќа казна, но тоа не важи ако си пратеник од власта!За некои граѓани нема амбулантно возило кога им треба, нема хеликоптер, но за некои владини функционери има во секое време, реагира Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.