Пишувањата на италијанскиот весник „Ла верита“, дека министерот за здравство Венко Филиче им ветил на Кинезите дека нема да сносат никаква одговорност доколку вакцината предизвика несакани ефекти кај корисниците, денеска се поткрепени и со официјалните писма испратени до кинеската фирма.
Второто писмо до „Синофарм“ со потпис и печат од Филипче е испратено на 25 јануари и во него се тој им декларира дека било какви последици на корисниците од новата вакцина нема да бидат поврзани со нивната продукција на вакцини.
Ова дополнително е потврдено и со фактот што договорот со кинеската фирма уште од почетокот беше таен за јавноста.
Обезбедуваме 200 илјади вакцини кои ќе стигнат во февруари, а точниот датум на испораката ќе биде утврден во следните денови. Ја почитуваме одредбата од договорот за тајност, податоците остануваат доверливи. Направивме детален план за процесот на вакцинација во три фази. Сите вакцини се безбедни и сигурни за граѓаните. Со имунизацијата почнуваме овој месец, ќе каже министерот Филипче на 8 февруари.
За ваквото ослободување од одговорност „Ла верита“ пишува:
Писмото кое е значајно за западните демократии и Атлантската Алијанса, е она кое датира од 25 јануари, во кое министерот за здравство, во спротивност од својата институционална мисија да ги штити животите на граѓаните и кршејќи многу меѓународни конвенции, изјавува дека го ослободува Синофарм, односно кинескиот режим, од било каква одговорност за евентуални негативни ефекти од вакцината. Веќе е јасно дека во декември Кина добила барања, речиси во исто време, и од Македонија и од Црна Гора. Фактот што само вториве успеале да добијат вакцини, ни кажува дека со Скопје и комунистичкиот режим во Пекинг има мака да најде модалитет за соработка, со цел да биде заштитен од евентуални критики поврзани со менаџирањето на т.н здравствена дипломатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.