Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски наместо да го злоупотребува МВР, да го расчисти случајот со апсењата на граници со огромно количество на дрога и психотропни супстанци, се вели во реакцијата на „За наше Куманово“.

Изразуваме длабоко жалење за тоталното непознавање на состојбите и реализираните проекти во Општина Куманово.

За да бидат работите појасни, изјавата на министерот Спасовские е дадена при отворање на штаб во населба Средорек токму од улицата која е целосно изведена нова канализациона мрежа и асфалтирана од страна на општината и градоначалникот Максим Димитриевски. Општина Куманово во населбата Средорек во изминатите 3 години направи капитални инвестиции и целосно го смени ликот на населбата со изведба на нова канализација, асфалтирање и бекатонирање на главната и сите споредни улички во населбата, со тоа ги реши децениските комунални проблеми на граѓаните во оваа населба кои на секои избори наназад добиваа празни ветувања од Спасовски којшто и денеска вешто се обидува да манипулира со нив, се вели во реакцијата на „За наше Куманово“.

Според нив, најдобриот суд ќе го дадат граѓаните на 17 октомври.

Тогаш, министерот ќе сфати кој на кого треба да се извини. Го повикуваме министерот наместо притисоци врз граѓаните на општина Куманово и злоупотреба на системот на МВР во изборни цели да се посвети на својата работа, за да не ја носи Македонија на столбот на срамот во која инспектори од МВР ќе бидат апсени на граници со огромно количество на дрога и психотропни супстанци во службено возило на министерството, како и да го расчисти случајот за бројните опожарувања во Куманово и цела држава, реагираат од „За наше Куманово“.

Со почит,



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.