Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ се заблагодари на сите граѓани кои ги поддржаа и во првиот и во вториот круг од локалните избори и му дадоа доверба на нивниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски и на советничката листа предводена од Ивана Ѓорѓиевска.
Граѓаните на овие избори се изјаснија дека Максим Димитриевски е вистинскиот избор за градоначалник на Куманово. Ветуваме дека ќе работиме чесно и одговорно, во интерес на сите граѓани. Нема да правиме поделби по ниту еден основ, а во периодот што претстои ќе ги разгледаме програмите на нашите противкандидати и од сите предложени добри проекти ќе создадеме една граѓанска програма за следниот четиригодишен мандат која има за цел да го подобри квалитетот на живот на сите кумановци, порачуваат од „За наше Куманово“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.