Македонската радиотелевизија не ги информираше навремено своите гледачи за случувањата во Тетово, иако пожарот во тетовската болница беше медиумски настан број еден во вечерните часови. Додека голем број домашни, а потоа и регионални и светски медиуми известуваа за трагедијата во тетовската модуларна болница, јавниот сервис во текот на вечерта не излезе ниту со вонредни вести ниту со телоп за трагичниот настан.
Независно дали синоќешното неинтервенирање е поради лоша организација или уредничка грешка, МРТВ мора да има кадар и ресурси навремено да бидат покриени настаните и јавноста навремено да биде информирана, се вели во изјавата што „Слободен печат“ ја доби од Самостојниот синдикат на медиумските работници (ССНМ).
Оттаму потсетуваат и дека и во минатото се случувало МРТ да пропушта настани од суштинско значење и важност за граѓаните што е недопустливо, бидејќи се знаат обврските на еден јавен информативен сервис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.