Мнозинството од граѓаните не се задоволни и од мерките на Владата за здравството, образованието и економијата, покажува анкетата на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) во рамки на Програмата за парламентарна поддршка.

На прашањето дали граѓаните се задоволни со мерките кои Владата ги презема за да се справи со криза, на што мнозинството (53 проценти) смета дека власта не прави доволно за да ја адресира состојбата со здравството, економијата и образованието.

Овие прашања се поставени со цел, како што велат од Институтот за демократија,  да ги информираат пратениците и креаторите на политиките за тоа што граѓаните мислат за вакцинација и дали се задоволни од мерките.

Прашањата биле дел од теренската анкета за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието, која Институтот за демократија „Социетас цивилис“ ја спроведе во периодот од 17 февруари до 10 март 2021 година на примерок од 1 010 испитаници, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.