Професорката Гордана Силјановска во вчерашното интервју за „Алфа“ рече дека за неа гласале околу 100.000 Македонци повеќе отколку за консензуалниот кандидат на СДСМ и ДУИ.
Моите бројки покажуваат дека за мене гласале повеќе од 100.000 Македонци од противкандидатот, тоа не нè води кон обединување, туку кон поделба, рече Силјановска, зборувајќи за поделбите меѓу гласачите Македонци и Албанци.
Силјановска откри што помислила прво кога пребројувањето на гласовите покажало извесна победа за Стево Пендаровски.
Очекував одлука од самите граѓани, во што и јас длабоко верував и се повикував, дека не им се обраќам на партиите, иако Македонија живее време на партитократија, а не демократија. Пред крајот на затворањето на гласањето заклучокот ми беше дека сепак македонскиот свет не се сменил, дека во последните неколку саати одлуката ја донеле партиите, а не граѓаните. Нелогично е над 90 отсто луѓе во една општина, во која претходно гласале за Река, сега одеднаш да го сменат мислењето. Очекував промени, не е сменет начинот на одлучувањето, мислам дека во таквиот начин на гласање имаше удел и зборот на религиозни лидери, што е уште почудно за една секуларна држава, рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.