Владата донесе одлука со која се забранува движење на населението и на возила од јавен превоз на територијата на Република Македонија, во временски период од 22:00 часот до 5:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник).
Одлуката за забрана за движење не важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, на кои, за време на полицискиот час, како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници“ – велат од Вадата.
За транспортерите на лица и на стока кои транспортот го спроведуваат за време на забраната за движење како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат најмногу ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден на друг граничен премин.
Отстапки од забраната ќе има и за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа и за слободно движење оваа потреба ќе треба да ја најават на службата 192 на телефонот на Министерството за внатрешни работи, при што ги дадат потребните лични податоци за себе и за оној кој ќе ги придружува притоа информирајќи за линијата на движење.
Дополнителните исклучоци во однос на забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата, доколку има потреба, ќе ги утврдува Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, во соработка со надлежните органи на државната управа.
Со оваа одлука на Владата се опфатени и сите домашни и странски физички лица, патници од земјите од Африканскиот континент, кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Македонија, задолжително ќе се упатуваат во 14 дневна домашна изолација (карантин). За местото на упатување на изолација на странските државјани ќе биде информирано дополнително. За сите видови групни или индивидуални патувања, патниците од земјите од Африканскиот континент кои транзитираат низ територијата на Република Македонија, задолжително ќе биде потпишување на Изјава за транзитирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.