На македонскиот народ никој не може да му каже, кои сме ние и каков јазик зборуваме, според меѓународното и европското право порача вицепремиерот за европски интеграции Никола Димитров во интервју на Канал 5 телевизија.
Тој истакна дека ни за 7 месеци, 7 години, 700 години нема да има влада која ќе се согласи да разговара за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет.
За нашиот македонски јазик, Мисирков пишува уште во 1903 година, јазикот е кодификуван 1945 година, беше еден од официјалните јазици во СФРЈ, сега е во Обединетите нации и во Европската унија, рече Димитров
Тој запраша дали е услов за пристапување во ЕУ да имате исти погледи со други држави.
Ова што го работам во моментов за мене е многу повеќе мисија отколку кариера. Сакам на следните генерации да им оставиме подобра држава, просперитетна држава, да имаат нашите деца подобри стартни позиции од оние што сме ги имале ние. Криењето на проблемите под тепих не помага, може е полесно ама верувајте не помага. Нашите големи сојузници и стратешки партнери ја препознаваат нашата политика на пријателство и соработка. Ние немаме друг пат освен овој по кој се движиме, затоа и понатаму сметам дека сум на вистинската страна на историјата рече Димитров, запрашан дали и понатаму смета дека договорите со Грција и Бугарија и носат подобра иднина на државата и дали тој и натаму смета дека е исправно што учевствувал во нивното потпишување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.