Негативно е што СДСМ ќе продолжи да краде и лаже, а позитивно е што им се гледа крајот, зашто никој не сака криминалци како Заев, велат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ наместо да турка политички попис само за мир во коалицијата, да ги прифати барањата на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните.

Пописот да се спроведе по електронски пат, а потоа да се вкрстат податоци.

Пописот мора да ја отслика реалната состојба на населението во Република Македонија, а не да задоволи нечии желби и барања на СДСМ, Заев и ДУИ.

Јасно е дека бројките и процентите се однапред договoрени, затоа мора поништување на овој закон за попис кој што го донесоа на шверцерски начин, без прифаќање на еден суштински амандман предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и СДСМ единствено се способни само за крадење и лажење, а не за спроведување на попис по европски стандарди.

Наместо, СДСМ да продава празни демагогии да ги разгледа барањата и доколку навистина го сака најдоброто за граѓаните, веднаш да ги прифати барањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Изгубена е довербата на граѓаните во институциите, затоа што владата на СДСМ и Заев наместо во интерес на граѓаните, работат за нивен личен интерес.

Со СДСМ и Заев Македонија и граѓаните тонат, а за тоа најдобар показател е и Извештајот на Транспаренси Интернешнл, кој јасно покажува дека во државата владее криминалот и корупцијата.

За Македонија да оди напред Заев и СДСМ мора веднаш да заминат, стои во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.