Речиси и да не остана медиум во целиот макдонски медиумски простор, поделен на провладин и опозициски, македонски и албански, кој не ја пренесе видеовеста за лутиот Ахмети, кој беснее во студиото на ТВ21 прашувајќи кој ги подели Албанците.
Многу работи се поклопија за веста да изгледа актуелна и очегледно голем број медиуми „наседнаа“ на забелешката на вицепремиерот ујар Османи, кој упати порака до Албанците дека се разединети и на лидерските средби доаѓаат со значително поголем број претставници од Македонците.
На лидерската средба кај претседателот Пендаровски присуствуваа двајца македонски партиски челници, еден од власта, Зоран ЗАев, и еден од опозицијата, Христијан Мицкоски, и 5 (многу) албански: Али Ахмети, Зијадин Села, Мендух Тачи, Биљал Касами, Африм Гаши.
Иако по средбата во вилата Водно претседателот Зоран Заев замина на средба со коалициските партнери, на средбата не беше владиниот коалициски парнер ДУИ, односно Али Ахмети.
И на крајот на краиштата, портпаролот на ДУИ Бујар Османи сподели видео, кое и по две години е доста актуелно и одговара на вчерашниот момент. Медиумите го пренесоа.

Водени од поривот да ги дискредирираат критичките медиуми, кои не ја поддржуваат и не ја величаат слепо владината политика, владините мегафони денеска „отвораат случај“, па онаму каде што нема проблем, го создадоа.Владините додворувачи ја обвинија опозицијата за ширење лажни вести со цел граѓаните да бидат изманипулирани дека лидерот на ДУИ е видно нервозен и веќе ја почнал кампањата со жестока реторика.
Крајната цел на медиумите блиски до опозицијата се оствари, со оглед дека ова видео ги преплави социјалните мрежи, а има и кластери на најчитаните македонски агрегатори, а тоа е граѓаните да бидат изманипулирани и да мислат дека лидерот на ДУИ е видно нервозен и веќе ја почнал кампањата со жестока реторика, но вистината е многу поинаква, а тоа е дека ова видео е снимено интервју од 2017-та година за емисијата Клик плус на националната телевизија ТВ21, пишува Центар.мк, провладин парамедиум.

Како што може да се види од агрегатите, веста ја објавиле и Фокус, Плусинфо, Саше Политико, Ако, 24Инфо, Бриф, Локално….


Вистината е дека Бујар Османи вчера по завршување на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски објави дел од стара емисија на ТВ 21, во обид да го реафирмира ставот за тоа дека Албанците се разединети. Сѐ друго е лажна вест која ја шират владините медиуми, а не критичките. За волја на вистината, и едните и другите, ако веќе инсистирате на таква поделба на фелата, наседнавме на забуната што ја внесе објавата на Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.